Две лица во два одвоени случаи пријавиле сомнителни трансакции од нивните картички

Вчера во СВР СКопје во два одвоени случаи лицата С.Б.И. (32) и А.Н. (65) од Скопје, пријавиле дека од нивните платежни картички од две банки во Скопје биле направени трансакции преку апликации што воопшто не ги познавале, при што од платежна картичка на С.Б.И. во седум трансакции од сметката и биле одземени 1040 евра, додека од платежна картичка на А.Н. исто така биле направени седум транскации во кои што му биле одземени 665 американски долари.

Од страна на ЕЕКК сочинети се записници за примање пријави по член 251 од КЗ на РСМ, и се работи на расчистување на случаите.