Две лица уапсени за марихуана на подрачјето на Скопје

Во два одделни случаи на подрачјето на Скопје МВР интервенираше за апсење на лица кои поседувале марихуана: 

На 19.10.2021 во 04.40 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.М.(32) од Виница, а со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 18.10.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.