
Вчера полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишиле од слобода В.В.(34) и Е.В.(30), двајцата од село Жировница.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле уапсени затоа што при преглед кај нив бил пронајден и одземен кокаин.
Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар, а при преземање на службени дејствија, тие физички нападнале полициски службеник.
Двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка, кој им одредил мерка на претпазливост и им биле одземени патните исправи.