Две лица се уапсени на синоќешниот протест што се одржа поради скандалот со кражбата на лекови на онкологија.
За случајот првично информираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
„Двајца активисти на Црвена Младина уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО. Протестот продолжува таму! Се гледаме!“, објави Апасиев кој синоќа присуствуваше на протестот.
Од МВР потврдија дека биле приведени две лица, а потоа пуштени дома.
„Денеска 04.09.2023 г. во 20.10 часот поради сторен прекршок приведени се лицата П.З. и Ј.Ј.. Сочинети им се Мандатни платни налози и ослободени се во 21.00 часот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Саше Јанчев од Левица тврди дека лицата биле приведени оти фрлале јајца за време на протестот.