Две лица тешко повредени откако „рено“ управувано од 20-годишна девојка излета од пат

Две лица се здобиле со тешки повреди во несреќата на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчеравечер.

 Автомобилот „рено“ управуван од 20-годишна девојка од скопско Морани се превртел откако излетал од патот.

- Во несреќата, двајца сопатници во возилото Х.М(46) и 51-годишната Е.С. од истото село се здобиле со тешки, а возачот и другите двајца сопатници со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

На местото на несреќата, во координација со Јавен обвинител извршен бил увид.