Вчера во 18:40 часот во Тетово, полицијата од Тетово уапсила две лица 34-годишниот Д.Д. од Прилеп и 37-годишниот И.А. од Битола поради физички напад. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп.
„Според пријавеното околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале“, информираше МВР.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Тетово.