
25-годишна девојка синоќа во скопски Аеродром била нападната од две лица.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:25 часот во СВР Скопје, К.А.(25) од Скопје пријавила дека околу 22:40 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје со тврд предмет била нападната од две лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.