Две лица се степале на Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Две лица се степале на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Се работи за скопјани на 26 и 37 годишна возраст, кои вчера околу пладне го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебната тепачка.

По преземените мерки, против двајцата биле поднесени соодветни пријави.