Две лица се повредени: пожар кај Долно лисиче зафати овоштарник, плевна и возило во движење

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Долно Лисиче, скопско, настанал пожар во кој горела сува трева и овошки од расадникот, сопственост на Земјоделски факултет – Скопје, а била зафатена и плевна сопственост на Г.И.(48) од Скопје и товарно возило во движење „застава“, со скопски регистарски ознаки.

Според полицискиот билтен возачот А.А.(26) и неговата мајка К.А.(50), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје за укажување на лекарска помош.

Исто така, од пожарот била зафатена и куќа сопственост на Д.П.(60). Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот, информираат од полицијата.