Две лица се однесувале агресивно во гостиварската болница

Вчера (10 март) околу 17 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле В.И.(23) и Х.Р.(23), двајцата од гостиварски Градец, кои дваесетина минути пред тоа го нарушиле јавниот ред и мир во Психијатриското одделение на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад, каде биле во посета на пациент и се однесувале агресивно.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.