Две лица претепани во слтакарница во скопски Аеродром

Две лица на возраст од 19 и 20 години вчера околу 22:20 часот физички биле нападнати додека седеле во слаткарница на улицата Владимир Комаров во скопски Аеродорм.

Според информациите, група од 5 до 6 лица без никаков повод и причина почнала да ги удира нанесувајќи им телесни повреди.

Претепаните биле префрлени во болница а полицијата работи на расчистување на случајот.