
Во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, повредени се две лица, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека во несреќата учествувале четири патнички возила – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“.
„Двете повредени лица се пренесени во болница – едното во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, а другото во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување медицинска помош“, стои во соопштението на полицијата.
Несреќата се случила во близина на местото каде што минатата година животот го загуби младата Фросина Кулакова, а според првичните информации, причината за судирот сè уште се утврдува.
Полициски екипи веднаш излегле на терен и извршиле увид, а сообраќајот на овој дел од булеварот беше кратко време целосно блокиран.