Две лица повредени во тешка сообраќајка во Илинден

Во текот на вчершаниот ден се случила тешка сообраќајка во општина Илинден.

- На 02.02.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Кадино кон с.Бунарџик, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“, управувано од М.Ј.(42) од с.Марино, општина Илинден и патничко моторно возило „фолксваген голф“,управувано од С.М.(65) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.