
Сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“, во која учествувале две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила околу 15:30 часот. Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Ш.А. од Скопје, и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот А.Л. од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на „опелот“ А.Л. и неговата сопатничка М.Л. (46), кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за несреќата.