Две лица повредени во сообраќајка во Скопје

На 22.10.2018 година во 22:30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улицата “Аминта Трети“ со улицата “Коста Кирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Пежо 307“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.Љ.(25) од Скопје и патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.Ј.(29) од с.Глумово-скопско.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот С.Ј. и сопатникот од истото возило Б.С.(27) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар на С.Ј. му биле констатирани телесни повреди, додека на Б.С. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.