Две лица повредени во сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл во Свети Николе - возачот на автомобилот бил пијан

Ноќеска во 22:31 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на улицата „Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.П.(30) од село Преод, светиниколско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.С.(22) од Свети Николе, констатирани во болницата во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „пежо“ бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,19 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.