Две лица ограбиле обложувалница

На 07.04.2022 во 17:59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Благоја Стефковски“ две лица со закана кон вработениот одзеле пари и предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.