Две лица ограбиле објект во трговски центар во Аеродром

Минатата ноќ бил ограбен објект во трговски центар во Аеродром.

- На 04.03.2023 во 04.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект во трговски центар на подрачје на Аеродром, две лица со закана кон вработените одзеле пари од дневниот промет, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.