Две лица, од кои едно со пиштол, извршиле кражба во обложувалница во Аеродром

На 23.09.2021 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Аеродором две лица од кои едното имало пиштол со закана врз вработениот К.С.(32) од Скопје одзеле пари.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.