
Две лица од Босна и Херцеговина се повредени откако во возилото излетале кај Велес.
- На 05.08.2025 околу 16:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 во правец од Велес кон Градско, патничко возило „бмв“ со национални ознаки на Босна и Херцеговина, управувано од С.В.(32) од Босна и Херцеговина, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.Р.(26) од Босна и Херцеговина, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.