
47-годишен скопјанец бил физички нападнат од две лица, откако претходно одбил да им даде пари.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје Т.П.(47) од Скопје пријавил дека околу 03:20 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со својата девојка, две лица му побарале пари, а откако не им дал физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.