Две лица нападнати во сендвичарница во Скопје- сакале да спречат кражба, си добиле ќотек

Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичарница на улицата „Никола Карев“ во Скопје физички ги нападнале Ј.Б. (33) и неговиот другар А.Н.

Како што информира МВР, случајот во полиција денеска го пријавил Ј.Б.

Додека Ј.Б. и А.Н. седеле на маса, забележале како непознатите лица сакале да крадат пијалаци од фрижидерот и ги предупредиле дека тоа не е во ред.

Веднаш потоа лицата дошле до нив и физички ги нападнале.

Полицијата работи на расчистување на случајот.