
36-годишник нападнат од едно лице во Центар, откако одбил да даде пари.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(36) пријавил дека претходно околу 00:30 часот на подрачјето на Центар две лица му побарале пари, а откако не им дал, едниот од нив физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.