Две лица лишени од слобода за посредување во проституција во Тетово

Две лица се лишени од слобода во Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „посредување во вршење проституција“.

- На 21.09.2026 во 20:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Ц.(27) од Тетово и К.З.(31) од село Боговиње, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Двете лица биле задржани во полициска станица, а истата вечер, по добиена наредба од Основниот суд Тетово, полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на К.З. во Тетово.

- Притоа, од неа биле одземени еден куршум и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.