Две лица каснати од улични кучиња во Гази Баба

Во полициската станица Гази Баба биле пријавени две каснувања од улични кучиња.

Вчера во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Т.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Жегљане“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

Утрово во 01.15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Душан Тасковиќ“ бил каснат од куче  скитник.