Две лица измамени при обид да купат огревно дрво

Две лица од скопско пријавиле измама при обид да дојдат до огревно дрво.

Во првиот случај, В.П.(67) од село Трубарево пријавил дека напознато лице со измама му одзело 200 евра. Откако пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него но, прво да ги види, истите се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг, по што заминал во непознат правец.

Вториот случај го пријавила Ј.М.(55) од село Брњарци на која и биле одземени 5.000 денари. Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да и донесе огревно дрво и откако и рекол дека веднаш ќе и ги донесе дрвата заминал во непознат прваец.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.