Две лица искасани од кучиња во Скопје

Кучињата скитници не престануваат да напаѓаат во Скопје.

МВР информира дека вчера во 22.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, 25-годишниот И.Т. од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот бил каснат од куче скитник на десната нога, а исто така во 16.50 часот во Полициската станица Центар, се јавил 48-годишниот А.Т. од Скопје пријавил дека околу 08.20 часот на улицата „Димитрије Чуповски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Нападите од кучиња секојдневно ги има во полицискиот билтен на МВР.