Две каснувања од улични кучиња во Скопје

Во текот на вчерашниот ден две каснувања од улични кучиња во Скопје. 

На 06.02.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Т.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Лондонска“ била касната од куче скитник, стои во денешниот билтен на МВР. 

На 06.02.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.С.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник, е другиот случај.