Две групи се пресметале во автобус во Скопје

Вчера 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус, кој сообраќал од Транспортен Центар кон населба Ченто, бил нарушен јавниот ред и мир, информира МВР во денешниот билтен.

Според пријавеното, неколку лица упатувала навреди кон А.П.(17), В.М.(16) и Ф.К.(17), сите од Скопје, по што физички ги нападнале А.П. и В.М..

По преземени мерки, околу 20.30 часот, во врска со настанот биле приведени Р. А.(21), Е.А.(15), Ф.Б.(14) и Б.Р.(15), сите од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.