Две деца и жена прегазени во Куманово за еден ден

Во текот на вчерашниот ден тројца пешаци, од кои двајца малолетници, настрадаа во одделни сообраќајни несреќи. 

- На 26.07.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, инфромираа од полицијата. 

- На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Драги Шутевски“ и ул.„Романовска“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово, стои во денешниот полициски билтен.

- На 26.07.2024 во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, се вели за третиот несреќен случај во Куманово