Две Бугарки уапсени кај „Сити Мол“, вршеле кражби во Скопје

Во понеделникот околу 19 часот на улица „Манапо“ во Скопје, општина Карпош, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија.

Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.