Двајцата дале откази на работа: Брачна двојка од Скопје тргнува на пат околу светот

Брачниот пар Силве и Тони Митреви, од Скопје се подготвуваат за пат околу светот на мотоцикл.

Приказните од деството решиле да ги оживеат. По една година подготовки на 20 јуни заминуваат да го забиколат светот, но не со балон туку со мотор. Силвана кога се запознала со сопругот Тони никако не сакала да се вози на мотор, вели ни на сон. По пет години ме убеди и стравот стана моја најголема љубов.

Планирано е оваа обиколка со мотор околу светот да трае 14 месеци. Двајцата дале откази на работа, и веќе се во интензивни подготовки за големата авантура. 

Ваков подгвиг значи и потреба од поголеми финансиски средства. Митрева вели дека засега имаат сопствени средства, но за во иднина не ја исклучуваат и можноста да бараат спонзори, или пак да работат во замена за храна и престој, нешто што во странство одамна е пракса. Од Македонија се упатуваат кон Бугарија и продложуваат кон земјите од истокот. 

Од азискиот континент заминуваат на Австралија, а од таму во номеври продолжуваат во Јужна Америка, каде ќе ја одбележат 25 годишнината од бракот.

Подготвени се да се возат на секакви временски услови, ќе преспиваат по хотели и мотели, а од голема помош им се меѓународните мото федерации.

Во земјите каде што има мото федерации Тони им Силве ќе им бидат гости на моторџиите, добиле поддршка и покани од многу места.