Двајцата анестезиолози отстранети од работа на КАРИЛ по смртта на родилката

До крајот на неделата се очекува да биде готов наодот од обдукција кој треба да покаже која е причината за смртта на родилка Дебора Џамбази, а извори на НОВА велат дека собрани се изјави од сите инволвирани страни.

Двајцата анестезиолози се отстранети од работи од КАРИЛ, а на едниот од нив не само што му се заканува суспензија туку ќе мора да врати и 50 000 евра на државата бидејќи специјализирал со кофинансирањe, пренесе Нова.

Анестезиологот кој пред една година завршил со специјализација се обврзал со договор, десет години да работи во јавно здравство, во спротивно треба да ги враќа парите со кои му било овозможено да специјализира. 

- „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката“, изјави за НОВА др. Илир Хасани директор на ТОАРИЛУЦ.  .

Родилката почина пред десетина дена.