Завчера во 15.44 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен П.С.(67) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.
Според пријавеното, околу 14.00 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Од полицијата известија за уште еден случај на починат затвореник.
Вчера, изутрина во 05.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О.(58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.