Вчера околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат село Арачиново – село Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од село Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од село Бардовци, скопско, информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот на возилото „мерцедес“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.