
Двајца возачи и еден сопатник се повредени во сообраќајна несреќа во кумановско.
- На 03.11.2025 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Пчиња-Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К.(23) од село Пчиња и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(55) од с.Пчиња. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од патничкото возило „мерцедес“, Ф.Р.(28) од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово, информираа од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.