Двајца скопјани загинаа во стравична сообраќајна несреќа во Чешка

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка.

Во несреќата загинале двајца млади скопјани.

Станува збор за М.Б (30 години) и Д.Б. (27 години), кои се враќале кон својата татковина, односно кон Македонија, објави „ТВ21“.

Според чешките медиуми, автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место – изјавила портпаролката на полицијата, Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.