
Вчера до полицијата стигнале две пријави за каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје.
На 05.11.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Драчево, Б.С.(36) од село Рамни Габер, општина Студеничани, пријавил дека на ул.„Студеничанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.11.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, Д.П.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил каснат од куче скитник, информираа од МВР.