Двајца скопјани вчера фатени со марихуана во Карпош

Синоќа околу 21 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С. (34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Во истиот период, исто така во подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ф. (19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.