Двајца скопјани вчера биле нападнати од улични кучиња

Две лица вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

- На 16.12.2024 во 16.00 часот во Полициска станица Аеродром, Д.Т.(29) од село Ракотинци, скопско, пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 16.12.2024 во 16.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.Б.(42) од Скопје пријавил дека на мост на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.