Двајца скопјани уапсени поради поседување марихуана

Во два одделни случаи, уапсени двајца скопјани кои поседувале марихуана.

На 30.03.2021 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода В.К.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.                                          

На 30.03.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Парк-шума Гази Баба го лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.