Двајца скопјани се спасиле за влакно: ги полиле со бензин и сакале да ги запалат

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Д. (62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело.

Тој во септември минатата година година околу 16.30 часот на ул. „474“, додека лицата А.Н. (24) и Ш.Н. (32), двајцата од с.Цветово, скопско, извршувале работни задачи - подземна инсталација, пријавениот почнал да ги посипува со бензин.  Потоа извадил  и запалка од џебот,  ја запалил и се доближил до лицата со намера да ги запали, но истиот бил спречен.

Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за целосно расчистување на случајот.