Двајца скопјани пријавиле каснување од куче

СВР Скопје забележува два пријавени случаи на каснување од куче на територија на главниот град, на 15 март. 

Едниот случај е евидентиран во Карпош, а другиот во Кисела Вода. 

На 15.03.2021 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.    

На 15.03.2021 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Б.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.