Двајца скопјани каснати од улични кучиња

Вчера две лица биле каснати од улични кучиња на различни локации во Скопје.

Најпрво во 16.40 часот во Полициската станица Карпош, М.П.(37) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.

Потоа во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Т.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.