Двајца скопјани каснати од кучиња скитници вчера во Центар

Вчера попладне во Полициската станица Центар, Т.С. (70) од Скопје пријавила дека на бул. „Свети Климент Охридски“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Во Полициската станица Карпош пак, Л.Д. (61) од Скопје пријавил дека на бул. „Илинден“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.