Двајца скопјани фатени за време на полицискиот час: Поседувале дрога и нож

Во текот на 20 април, кога на сила беше целодневен полициски час, скопската полиција регистрирала два случаја на негово прекршување, каде престапниците сториле и други кривични дела.

Во првиот случај, во утринските часови, за време на ограничено движење, на улицата 11 Октомври, при извршен претрес на 37-годишен скопјанец, полицијата пронашла нож на расклопување.

Во вториот случај, во вечерните часови на 20 април полициски службеници на улицата Благоја Стефковски уапсиле 40-годишен скопјанец кај кого била пронајдена прашеста материја.

По документирање на двата случаја, против престапниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.