Двајца разбојници ограбиле казино во Трубарево, едниот пукал со пиштол

Утрово било ограбено казино во скопското село Трубарево од страна на двајца разбојници.

-На 08.05.2023 во 02.31 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 02.20 часот во казино во с.Трубарево, скопско, две лица со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет, при што еден од нив испукал еден проектил во таванот, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.