Двајца повредени во сообраќајка на Илинденска

Во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „априлија“и автомобил „нисан кашкаи“ што се случила вчера попладне на крстосницата од булеварот Илинден со улицата Наум Наумовски-Борче повредени се две лица.

Во инцидентот повреден е возачот на мотоциклот и неговиот сопатник. Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Кај возачот биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатникот биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.