Денес во 00.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кај с.Проевце се случила сообраќајна несреќа. Имено 18-годишниот П.М. излетал од коловозот при што со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото.
Повредите им биле констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.