
Денеска во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот Ф.Е. од Скопје излетало надвор од коловозот.
Со тешки телесни повреди како последица на несреќата се здобил сопатникот З.С.(33) од Скопје кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот се здобил со полесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.